|
|
| НОВО |
|
|
|
НОВОДруштвото за консултантски услуги и посредување АГРОКОНСАЛТИНГ ПРО Пробиштип, изготвува ДЕЛОВНИ ПЛАНОВИ потребни по Програмата за Рурален Развој 2010, ИПАРД програмата, подготовка на потребните документи, како и инвестициони и бизнис програми за одобрување на кредити од кредитната линија на ИФАД (ЗКДФ) за инвестирање во земјоделскиот и руралниот сектор.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ 2010 За инвестиции во руралниот развој, годинава со Програмата за финансика поддршка на рурален развој ќе се одвојат 579 милиони денари или околу 10 милиони евра. Огласот за распределба на средствата од оваа програма е објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, и трае до 14.04.2010 год. Средствата, се исплаќаат по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции или:
Сaмо за првата мерка која се однесува за инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства предвидени се вкупно 168 милиони денари.
1. За модернизација на лозарството овоштарството и градинарството на отворено,преку оваа Програма можат да набават
Условен критериум е минимум подигнати површини од 0,2 ха.Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 2,5 милиони денари.
2. За модернизација за одгледување на житни култури исто така можат да се набават по пат на ко-финансирање,
За ваквите инвестиции потребна е минимум засадена површини од 1 ха.Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 6 милиони денари.
3. Индустриските маслодајни, фуражни култури, тутунот и производство на компир исто така се поддржуваат со инвестиции кои се однесуваат на набавка на
Земјоделецот мора да располага со минимум површини од 1 ха под маслодајни и фуражни култури и од 0,5 ха за одгледување на тутун и компир.Максимална вредност на прифатливи трошоци изнесува до 4 милиони денари.
4. Одгледувањето на цвеќе украсни дрва и растенија годинава се поддржуваат со вкупно 7 милиони денари и тоа доколку инвестициите се однесуваат за
Минималната површина изнесува 0,1 ха за подигнување на нови или за обнова на постоечки оранжерии или 0,3 ха за набавка на култиватори или мото-култиватори.Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 3 милиони денари односно до 5% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект.
5.Во сточарството се поддржуваат инвестиции во одгледување на говеда за тов вклучително и телиња од систем крава-теле.Прифатливи инвестиции се:
Сточарите мора да имаат минимум 15 до максимум 150 грла говеда за тов по турнус или минимум 35 до максимум 180 грла млечни крави и за одгледување на говеда за тов од систем крава-теле. Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 4,5 милиони денари
6. Инвестициите во одгледување на несилки се однесуваат на услуги за
Критериумот кој што мора да се запази е минимум 1.000 до максимум 15.000 несилки по турнус. Максимална вредност на прифатливи трошоци изнесува до 1.500.000 денари или до 3% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект
7.Во модернизација на пчеларството ќе се поддржуваат инвестиции за набавка на
Пчеларот мора да поседува минимум 10 пчелни семејства,а максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува до 500.000 денари.
8.Земјоделските производители можат да аплицираат и за другите мерки од Програмата за рурален развој,односно за инвестиции за
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ВО АГРОКОНСАЛТИНГ ПРО ЗА АГРОХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ПОЧВА
Агрoхемиската анализа на пoчва е кoрисна алатка за одредување на барањата на различните култури за прихрана. Редовното земање на почвени проби и нивното испитување во лабораторија може да ги следи промените и ефикасноста на прихраната која се применува. Посебно внимание треба да се посвети на фактот дека резултатите од агрохемиската анализа на почвената проба се точни толку колку што е добра техниката за земање на почвената проба и белешките за секоја земена прoба.
Најчесто почвените проби се земаат во пролет или на есен, во зависност од културата и целта на почвената проба. Не ретко земјоделските производители кои имаат одредени проблеми со растот и развојот на културата која ја одгледуваат, земаат почвени проби и во текот на самата вегетација. Најдобар период за земање почвена е три месеци пред сеидбата или садењето. Сепак, не секогаш условите на култивирање го дозволуваат тоа, па неколку недели пред садењето или сеидбата е сосема доволно долг временски период за земање на почвена проба. ПОВЕЌЕ ЗА АГРОХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ПОЧВАТА
|
Интернет маркетинг | Веб дизајн | Одржување на веб страни од
Nova Solutions
Покренато од Joomla!.
Valid XHTML and CSS.