|
АГРОКОНСАЛТИНГ ПРО ДООЕЛ ПРОБИШТИП Друштво за консултантски услуги и посредување На препорака и со поддршка од ИФАД (Меѓународен фонд за развој на земјоделството) е формирано друштвото за консултантски услуги и посредување АГРОКОНСАЛТИНГ ПРО. Цели во работењето на АГРОКОНСАЛТИНГ ПРО се:- Поддршка за реализирање на проекти за развој на бизнис и земјоделство;
- Зголемување на приходите од земјоделството и преработката на земјоделските производи;
- Зголемување на додадената вредност на земјоделските производи;
- Зајакнување на индивидуалното земјоделско стопанство со подобрување на производството за конкурентност за пазарот;
- Воведување на стандарди и квалитет преку едукација за користење на современа технологија;
- Усогласување со стандардите на ЕУ за квалитет, безбедност на храна и добросостојба на животните;
- Подобрување на претприемачките способности и соработка при користење на фондовите коишто се понудени во секторот, за да се овозможи подобар пристап на пазарот и ЕУ;
- Навремено информирање за пазарот и воспоставување на пазарни врски
|